
Советувалиштето на здружението ДОВЕРБА функционира од 2000 година. Во оветувалиштето советите ги даваат стручни лица – психијатри, клинички психолози, психолози и социјални работници кои долги години работат на полето на третманот на зависност од дроги.
Секој кој ќе го посети советувалиштето ќе добие дискретно, анонимно советување за
Проблеми поврзани со:
• Адолесцентниот развој и превенција на злоупотреба на дроги
• Злоупотреба на дроги и развој на зависност од нив
• Зависност од дроги
• Како да се мотивираат лицата зависни од дроги од страна на нивните родители за да побараат помош за нивниот проблем
• Интравенозна злоупотреба на дроги и по крвен и сексуалеен пат преносиви инфекции .
Во советувалиштето можат да се добијат информации и совети во врска со:
• Видови на третман т.е. тераписки модалитети и каде можат да се добијат
• Начин на утврдување на присутност на некоја дрога во телесните течности и каде тоа може да се утврди
• Намалување на ризично однесување и начин на заштита од ХИВ/СИДА , хепатитис Б, Ц и други по крвен и сексуален пат преносиви инфекции.
• Каде и како можат да се направат анализи на крвта за утврдување на позитивен или негативен статус во врска со некоја крвно пренослива инфекција.
• Каде можат да се направат други анализи поврзани со соматското здравје на клиентите.