Мисија

Мисија



1. Креирање и спроведување на програми за превенција на злоупотреба на дроги

2. Подига јавната свесност за сериозноста на проблемот на зависнот од дроги

3. Создавање на услови за достоинствен третман на лица што злоупотребуваат дроги достоинствен третман во здравствени установи, за подобрување на нивното телесно и психичко здравје и социјално функционирање

4. Организира средби и јавни дебати за подобрување на стандардите во лекување

5. Низ бројни проектни активности работи на децентрализација на службите за превенција и третман на злоупотреба на дроги, за проширување на програмите и поголем број терапевтски можности, за нивна поголема достапност, како и поголема ефикасност, економичност и флексибилност во програмите.

6. Учествува во едукација на различно профилирани стручни кадри и важните личности во заедницата, за давање на подршка на процесот на децентрализација

7. Лобира за создавање на програми за рехабилитација и ресоцијализација и тесно соработува со Мин. за труд и социјална политика, други НВО и релевантни субјекти во заедницата

8. Развива програми за креативно изразување на лекувани лица зависни од дроги и самофинансирачки проекти.

9. Работи програми за превенција на рецидивот и стабилизација на лекувани лица зависни од дроги

10. Учествува во јавни настапи, трибини, емисии и води медиумски кампањи за заштита на правата на лицата зависни од дроги и создавање на услови за еднакви права за прием на лекување во сите здравствени институции

11. Развива континуирани активности за намалување на негативната општествена перцепција и стигма кон овие лица, за нивна брза и целосна социјална инклузија.

12. Преку инфо линијата и советувалиштето пружа правилни и стручни информации за рана детекција и брза интервенција при злоупотреба на дроги пред се меѓу адолесцентни млади, како и мотивација за третман и одржување на постигнатата апстиненција од илегални дроги

13. Работи на организирање на групи за самопомош (за лица зависни од дроги или за нивни членови од семејството)

14. Дава поддршка за програмите за намалување на штетите од употреба на дроги преку развивање на психоедукативни и психосоцијални програми за намалување на ризичното однесување меѓу ИВКД,И преку теренска работа а во насока на превенција на заразување со ХИВ, Ц и Б жолтицата и други по крвен и сексуален пат преносливи инфекции

15. Активно работи на заштита и застапување на човековите права на оваа ранлива категорија граѓани

16. Подготвува програми за заштита на правата на лицата што злоупотребуваат дроги, а кои се наоѓаат во пеналните институции (затвoрите)

17. Застапување за почитување на човековите права на лицата зависни од дроги