Теренската работа во здружението „Доверба“ започнува да функционира од 2002 година. Теренските работници во најголем број се лица стабилизирани на некој вид на третман на зависност од дроги и помал број социјални работници.
Постојат три вида на теренска работа и тоа:
1.Теренска работа на собиралишта
• Теренските работници секојдневно одат на терен а тоа е најчесто собирно место на корисници на дроги. На терен теренските работници имаат задача да поделат информативно едукативен материјал, кондоми и ваучери за бесплатно ХИВ тестирање. Исто така теренските работници имаат задача да ги советуваат корисниците на дроги да го намалат ризичното однесување и да ги мотивираат да се јават во советувалиштето во просториите на здружението или во центарот за третман во К.Вода во Скопје.
2. Теренска работа во дом
• Теренска работа во домот на лицата корисниц на дроги се извршува најчесто на иницијатива на родителите и тоа во случај кога не се во состојба да го мотивираат нивното дете да се јават за помош во советувалиштето. Теренската работа во домот опфаќа советување за намалување на ризично однесување, мотивација за третман или барање на стручна помош во советувалиштето. Теренските работници и во домоте делат и информативно едукативен материјал и ваучери за беспатно ХИВ тестирање и советување.
3.Теренсска работа за социјални интервенции
• Социјалните интервенции опфаќаат посредување и стручна помош при вадење на докумени потребни за здраствено осигурување, социјално осигурување или некој друг вид на посредување и помош во контактите со институциите на системот.