
Оваа линија започна да функционира од 2000 година и дава информации и совети по телефон за проблеми поврзани со:
Млади и злоупореба на дроги и други психоактивни супстанци
– Информирање и совети за родители како да ги мотивираат своите деца да го посетат советувалиштето, како и каде можат да се направи испитување за присуство на некоја дрога или психоактивна супстанца .
– Информирање и советување на младите за видовите третмани, мотивирање да се јават за помош во советувалиштето или да се вклучат во психоедукативна работилница.
Лица кои злоупотребуваат дроги и развиле зависност кон нив
– Информирање и советување за видови на третман и мотивирање да се јават за помош во советувалиштето.
– Информирање и советување за намалување на ризично однесување начини на заштита од крвно и сексуално преносливи инфекции.
Интравенозни корисници на дроги
– Информирање и советуање за превенција на ХИВ/СИДА, Хепатитис Б, Ц и други по крвен и сексуален пат преносливи инфекции.
– Информирање и советување каде може да направат пред ХИВ тест советувања и бесплатни ХИВ тестирањa и други анализи .