Почетна

Дневен центар за услуги и поддршка на ЛКД ( лица кои користат дроги ) поддржан од град Скопје.
…………………………………………………………………………………………………………………………………….
На ден 25.03.2016 год. во хотел Grand plazza здружението Доверба одржа ретрит за одржлив развој.

 Кампања на Доверба за превенција на туберкулоза
Одиме онаму каде што е потребно, за сите да ја добијат потребната помош! За 20 години, стотици луѓе и семејства од ранливите групи добија помош и поддршка од нас во вид на социјални пакети. Им асистиравме на многумина со совети за превенција и третман на туберкулоза. Им овозможивме на многу индивидуи да живеат здрав живот. На колкумина досега сме помогнале, на уште толку им сме потребни! Затоа помогнете ни да им помогнеме – донирајте!

 


Здружението ДОВЕРБА со поддршка на Министерството за здравство во рамките на проектот „Одржување на ниска ХИВ преваленца во Република Македонија, одржлив развој“ и во соработка со Општина Гази Баба реализираше форум во насока на подигнување на свесноста кај граѓаните за проблемот на употреба на дроги кај младите, како и сите проблеми поврзани со употребата на дроги, ХИВ/СИДА, ХЦВ (превенција, лекување, ресоцијализација, реинтеграција).
Форумот се одржа на 15ти Април 2015 година во салата за седници на Општина Гази Баба.
На форумот учествуваа претставници од повеќе релевантни институции(основните и средните училишта,градинките,здравствени институции,центар за социјална работа,НВО и др.) од општината кои со своите активности и во соработка со локалната заедница може да дадат допринос со цел подигнување на свесноста кај граѓаните за овој проблем.
Исто така на форумот присуствуваа и преставници од канцеларијата на Глобал Фонд.
Координаторот на проектот Славица Шекуткоска на присутните им ги промовираше сервисите на организацијата преку кои може да се развие соработка со сите институции на општината.
Др.Ставре Грамов зборуваше за актуелната состојба со употреба на дроги во РМ и проблемите поврзани со неа,со посебен осврт на општина Гази Баба,како и за потребата од отварање на центар за третман на лица со проблематична употреба на дрога и нивните семејства.
Присутните на форумот покажаа интерес за темата и потреба ос соработка во насока за заедничко организирање на трибини,форуми во училиштата и слични активности.