Лична Карта

Лична карта



Здружението „ДОВЕРБА“ е формиирано во 1995 година од страна на :

1. Лица на третман поради проблем зависност од дроги;

2. Родители, други членови на семејствата и пријатели на лицата кои беа на третман;

3. Стручни лица кои работеа на програмите за третман на лица зависни од дроги.

Се до 2006 година здружението беше наречено:

Здружение за унапредеување на третманот, рехабилитацијата и ресоцијализацијта на лица кои злоупотребуваат дроги и други психоактивни супстанци.

Бидејќи долг низ на години се појавуваше потреба да работиме на полето на превенцијата направивме пререгистрација и сега здружението е наречено:

Здружение за унапредување на превенцијата, третманот и социјалното вклучување на лица кои злоупотребуваат дроги и други психоактивни супстанци „ДОВЕРБА“