Здружение за унапредување на превенцијата, третманот и социјалното вклучување на лица кои злоупотребуваат дроги и други психоактивни супстанции


Не биди рамнодушен ПРИКЛУЧИ СЕ!!!

Почитувани

По повод 17-ти Ноември, ден на борба против болестите на зависности и 1-ви Декември светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА, Здружението Доверба во овој период ќе организира низа активности.
На 17-ти Ноември 2011 во клубот на новинарите ќе се одржи прес конференција со почеток во 12:00 часот и форум во 12:30 часот во насока на превенција од злоупотреба на дроги и ХИВ/СИДА.
Во периодот помеѓу 17 Ноември и 1 Декември ќе се организираат повеќе настани со цел да се подобри информираноста на граѓаните и да се поттикне нивното активно учество во превенцијата на болестите на зависности и ХИВ /СИДА во нашата земја.
На форумот активно учество ќе земат невладиниот сектор и претставници од институциите релевантни за справување со овие појави.
На форумот очекуваме да се донесат заклучоци кои ќе бидат конкретни со цел сите активно да дадеме придонес во надминување на овие сериозни проблеми.
Во соработка со локалната заедница здружението Доверба ќе организира форуми во локалните заедници со претставници од основните училишта и родители за конкретни активности во нивната заедница.
Членовите и стручниот тим на Доверба се секогаш спремни да помогнат преку своите активности: теренска работа-посета во вашиот дом, бесплатно советувалиште,инфо линија и др.

 
 

 doverba.org.mk